• петок, 29 март 2024

ДПА: Шолц планира „наскоро“ да разговара со Путин

ДПА: Шолц планира „наскоро“ да разговара со Путин

Нирнберг, 10 јуни 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека има намера да одржува контакт со рускиот претседател Владимир Путин и „наскоро“ да разговара со него, јави ДПА.

Шолц истакна дека со Путин последен пат разговарал веднаш откако лидерот на Кремљ пред 15 месеци дал наредба да почне инвазијата врз Украина, додаде германската агенција.

-Имам намера да го направам тоа повторно наскоро, рече германскиот канцелар денеска на 38-миот конгрес на германската Протестантска црква, во јужниот град Нирнберг.

Предуслов за „праведен мир“ е Русија да ги повлече своите трупи, продолжи Шолц. „Тоа е она што треба да се разбере“.

ДПА појаснува дека додека ова го кажуваше во публиката повремено се слушаа извиците „преговарај“.

Шолц им возврати „да се ​​преговара е во ред. Прашањето е: кој со кого и за што преговара“.

Шолц претходно ги истакна принципите за ставот на Берлин кон војната и рече дека мора да се спречи да дојде до ескалација на  конфликтот.

-Беше и е правилно да се однесуваме координирано во сè што правиме. Дека го земаме предвид секој чекор и дека не одиме сами. Ние сме посветени на овој принцип од самиот почеток, кажа Шолц и додаде дека „ границите во Европа не треба да се поместуваат на сила“. сд/

фото:ЕПА 

Остани поврзан