Доку останува во Манчестер сити до 2031 година
- Манчестер сити го продолжи договорот со напаѓачот Жереми Доку. Сега важи до 30 јуни 2031 година.
Манчестер, 13 август 2026 (МИА) - Манчестер сити го продолжи договорот со напаѓачот Жереми Доку. Сега важи до 30 јуни 2031 година.
- Навистина уживав во времето поминато во Сити, па можноста да останам тука подолго е фантастично чувство. Овој клуб ми значи многу - пораснав како играч и како личност. Чувствувам дека припаѓам тука и знам дека се подобрувам секој ден благодарение на работата на персоналот тука.
Тешко е да се објасни колку овој клуб прави за да им помогне на играчите. Не го земам здраво за готово, а тоа ме прави подобар човек. Со доаѓањето на Енцо Мареска, многу сум возбуден за новата сезона. Неговиот стил на фудбал е нешто што го сакаме, па затоа е возбудливо за играчите.
Навивачите на Сити се исто така огромна причина зошто го продолжив мојот договор. Ја чувствувам нивната љубов и поддршка, а тоа ми значи сè на светот. Сакам да се фокусирам на тоа да им го донесам успехот што го заслужуваат, изјави 24-годишниот Белгиец за клупскиот сајт на „Граѓаните“.
Доку игра за англискиот клуб од август 2023 година. Во Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна осум гола и имаше седум асистенции во 47 натпревари.
Доку претходно играше за Рен и Андерлехт.
Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на белгискиот интернационалец на 70 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА