• сабота, 13 април 2024

Договорена соработка помеѓу Кисела Вода и Меѓународниот Балкански Универзитет

Договорена соработка помеѓу Кисела Вода и Меѓународниот Балкански Универзитет

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во рамки на идејата за доживотно учење, информираат од општината.

-На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода. Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а особено внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник. Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот, известуваат од локалната самоуправа.

На средбата бил постигнат договор Општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија. ир/сп/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан