• сабота, 20 април 2024

Димитров: Раст од 28 отсто на бројот на туристи во Бугарија во зимската сезона

Димитров: Раст од 28 отсто на бројот на туристи во Бугарија во зимската сезона

Софија, 13 март 2023 (БТА) - Зимската сезона беше тешка, но успешна. Снег немаше во цела Европа, но нашите рисорти најдоа начин да ги доведат во добра форма нивните патеки за скијање. Пријавуваме 1,4 милиони туристички регистрации во одморалиштата, што е за 28 отсто повеќе од минатата година и пет отсто повеќе од предковидната 2019 година, изјави вршителот на должноста министер за туризам Илин Димитров во емисијата „Денот започнува“ на БНТ.

Според него, тоа и била целта на привремената влада – враќање на туризмот на нивоата од пред пандемијата.

-Не само што ја изедначивме годината од пред ковидот, туку и малку ја надминавме, резимира Димитров и прецизира дека доколку условите за зимски туризам опстојат до крајот на март, бројките ќе бидат уште подобри.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Околу 70 отсто од туристите во зимските центри се Бугари, рече министерот Димитров. Тој го дефинира ова како многу добар факт. Според него, на пазарот има „за секого по нешто“. Има понуди и од високо категоризирани хотели, така и од ниско категоризирани.

-Мое мислење е дека во Бугарија има широк асортиман на хотели и секој може да си најде нешто за себе. Односот цена-квалитет е многу добар. Ги достигнуваме нивоата од 2019 година, рече министерот за туризам.

Димитров пријави и нов раст од 18 проценти на бањскиот туризам во однос на лани.

Тој предвидува и успешна летна сезона.

-За лето очекуваме околу 4,7 милиони туристи, што е за два до три отсто повеќе од 2019 година. Очекуваме околу 1,2 милиони туристи од Романија. Нашето рекламирање во Полска и Чешка е силно. Работите се движат убаво. Мое мислење е дека ќе ја поминеме 2019 година, прогнозира министерот Димитров.

Бугарија минатата недела учествуваше на изложбата I Te Be (ITB) во Берлин и доби престижно признание од Здружението на тихоокеански новинари, кои пишуваат за туризмот, соопшти Министерството за туризам.

Земјата ја доби награда „Најдобра дестинација за регионот на Балканот“ за 2023 година, а в.д. министерот за туризам Илин Димитров ја доби наградата „Министер за регионот на Балканот 2023“. За време на изложбата, министерот оствари низа средби со претставници на најголемите и најважните тур-оператори на германскиот пазар.

 _________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Остани поврзан