Ден на органско производство и форум за еко туризам
- Во организација на здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“ денеска во паркот во Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“.

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Во организација на здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“ денеска во паркот во Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“.
На манифестацијата ќе се претстават голем број производители на органско производство со над 200 производи. Ќе има презентации на вина, крафт пиво, а ќе може да се дегустираат и мед, аронија....
Со оваа манифестација се одбележува Европскиот ден на органската храна во рамки на кампањата „Дојди, види, вкуси“. Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. бак/
Фото: Еко Партнерс