• сабота, 25 ноември 2023

Дел од општина Гази Баба без вода

Дел од општина Гази Баба без вода

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Индустриска“ 1/25, Универзитетот ФОН и „Офис Плус“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-200 милиметри на улица „Индустриска“ 1/25.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.  мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан