• четврток, 07 декември 2023

Дел од општина Бутел денеска без вода

Дел од општина Бутел денеска без вода

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 10.45 часот се дел од корисниците лоцирани на еден крак од улицата „Александар Турунџиев“, од број 22 до 65. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект од ф-80 милиметри на улица „Александар Турунџиев“ 65 Б.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување со работните активности. мд/хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан