Дегустација на грозје и производи од гроздови зрна во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“
- Денеска е последен ден од тридневниот настан, за кој на прес-конференција беше кажано дека се очекува рекордна посетеност.
Кавадарци, 6 септември 2026 (МИА) - Со традиционалната подготовка на маџун, како и дегустирање традиционален кавадаречки појадок - пешии и равенија, во „Паркот на револуцијата“ денеска продолжија активностите во рамките на годинашниот „Тиквешки гроздобер“.
Посетителите од разни крашита на земјава и од странство имаат можност да ги дегустираат традиционалните маџун, пешии и равенија. Во „Паркот на револуцијата“ во рамките на активностите на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација има и музичка програма.

На денешната агенда во рамки на манифестацијата е и детскиот тиквешки карневал, најавен за во 18 часот, а еден час подоцна во Музеј - галеријата предвидено е да биде отворена изложба на кавадаречки уметници.
На градскиот плоштад вечер со почеток од 21 часот ќе пеат Слободанка Танева, Мирјана Митрева, Џејла Рамовиќ и Пеџа Јовановиќ.
Денеска е последен ден од тридневниот настан, за кој на прес-конференција беше кажано дека се очекува рекордна посетеност.

Од локалната самоуправа потсетија дека на секој од трите влеза во општина Кавадарци и годинава секое возило со посетители добива подарок - пакетче спакувано грозје за гостопримство. свд/вј/
Фото: МИА