Две жртви во руски напад со дронови во украинското Запорожје
- Две лица загинаа во руски напад во југоисточната украинска област Запорожје, соопштија денеска украинските власти.
Киев, 13 октомври 2025 (МИА) - Две лица загинаа во руски напад во југоисточната украинска област Запорожје, соопштија денеска украинските власти.
Според гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, дрон погодил цивилно возило, при што загинале маж и жена.
Гувернерот на Одеса, Олег Кипер, изјави дека Русија нападнала и цивилна инфраструктура во регионот, при што биле погодени два објекти, а едно лице е повредено.
Државниот енергетски оператор Укренерго соопшти дека во утрово дошло до итни прекини во снабдувањето со електрична енергија за индустриските потрошувачи во областите Харков, Суми, Полтава, Донецк, Днипропетровск, Запорожје и делови од Кировоград.
Поради засилените руски напади врз украинската енергетска мрежа, во областа Чернихив се воведени едночасовни прекини на струја.
Украина се брани од целосната руска инвазија веќе повеќе од три и пол години. ссм/
фото: архива