• петок, 19 април 2024

Две жртви во пукање во Љубљана

Две жртви во пукање во Љубљана

Љубљана, 5 јуни 2023 (МИА) – Во Љубљана околу 15 часот се слушнале истрели од огнено оружје, а локалната полициска управа соопшти дека две лица починале од прострелни рани на местото на настанот.

Напаѓачот сè уште е во бегство, соопштија полициските службеници кои го обезбедуваат местото на престрелката и трагаат по сторителот.

- Ве молиме да ги почитувате упатствата на полициските службеници за да не ја попречувате работата на итните служби, нагласи полициската управа на Љубљана. јт/

Фото: Интернет

Остани поврзан