Двајца Палестинци загинаа во израелски напад на Западниот брег
- Двајца Палестинци загинаа денеска во израелски напад на Западниот Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Ерусалим, 24 септември 2023 (МИА) - Двајца Палестинци загинаа денеска во израелски напад на Западниот Брег, соопштија палестинските здравствени власти.
Израелската армија објави дека војниците влегле во бегалскиот камп Нур Шамс, во близина на Тулкарм, за да уништат „команден центар на екстремистите и складиште за бомби во една зграда“.
Инженерските единици деактивирале неколку бомби поставени на патот, екстремистите отвориле оган и фрлале експлозивни направи, а војниците одговориле со боева муниција.
Палестинското Министерство за здравство ги идентификуваше двајцата убиени Палестинци.
При рацијата причинета е голема штета на патиштата и на една зграда.
Израелските рации, особено на северот на Западниот Брег, зачестија во изминатата година и половина, а целта е пресметка со палестинските екстремисти и спречување идни напади. рп/
Фото: МИА архива