• сабота, 08 ноември 2025

Двајца мигранти загинаа, а 19 се спасени во близина на грчкиот остров Родос

Двајца мигранти загинаа, а 19 се спасени во близина на грчкиот остров Родос

Атина, 14 октомври 2025 (МИА) – Двајца мигранти, дете и маж загинаа, а 19 се спасени во Егејско Море во близина на грчкиот остров Родос.

Грчката крајбрежна стража ги спаси мигрантите и ги транспортира до пристаништето на Родос, каде им е пружена прва помош.

Грција беше на првата линија на миграциската криза во 2015-2016 година, кога повеќе од еден милион луѓе, бегајќи од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток и Африка, пристигнаа во Европа. Мигрантските бранови оттогаш се намалија, но Атина неодамна ги заостри правилата за миграција по зголемениот број мигранти од Либија кои пристигнаа на грчките острови Крит и Гавдос. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан