Грција два дена без бродови поради 48-часовен штрајк
- Грчката поморска федерација утрово започна 48-часовен штрајк поради кој денеска и утре е во прекин бродскиот сообраќај во земјата, а бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, објави но

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) – Грчката поморска федерација утрово започна 48-часовен штрајк поради кој денеска и утре е во прекин бродскиот сообраќај во земјата, а бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, објави новинската агенција АНА-МПА.
Од федерацијата бараат потпишување на нови колективни договори за работа за 2023 година.
Штрајкот, според АНА-МПА, се очекува да заврши в петок во 6 часот наутро. ср/рп/