• среда, 24 април 2024

Грузиецот Кварацхелија фудбалер на сезоната во Италија

Грузиецот Кварацхелија фудбалер на сезоната во Италија

 

Рим, 3 јуни 2023 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацхелија, е прогласен за играч на сезоната во италијанската Серија А, во која му помогна на својот тим по пауза од 33 години да ја освои шампионската титула.

Наградата на грузискиот репрезентативец ќе му биде врачена утре, пред почетокот на натпреварот од последното 38 коло во италијанското првенство меѓу Наполи и Сампдорија.

Кварацхелија го засили Наполи во јули лани и постигна 14 голови во сите натпреварувања, а со десет асистенции беше најдобар во оваа категорија во италијанското првенство.

Наполи, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, освои уште три награди – за најдобар тренер (Лучијано Спалети), најдобар напаѓач (Виктор Осимен) и најдобар дефанзивец (Ким Мин Џе).

Најдобар млад играч до 23 години е Николо Фаџоли од Јувентус, за најдобар голман е прогласен Иван Проведел од Лацио, додека Николо Барела од Интер е прогласен за најдобар играч од средниот ред. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан