• четврток, 18 април 2024

Градоначалникот на Крива Паланка им го честиташе празникот на неколку жени пензионерки кои работеле како бабици, воспитувачки и учителки

Градоначалникот на Крива Паланка им го честиташе празникот на неколку жени пензионерки кои работеле како бабици, воспитувачки и учителки
Крива Паланка, 8 март 2023 ( МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска лично им го честиташе Меѓународниот ден на жената на неколку жени пензионерки кои работеле како бабица, воспитувачка, учителка и професорка.
 
- Со посебна почит денес им укажав посебна чест на моите почитувани сограѓанки: Благица бабица, воспитувачка Бубе, учителка Рада и мојата класна, професорката Драгица Стојчевска. Верувајте, зборови се малку да се иcкаже колку се само значајни нивните грижливи дланки со кои е прифатена секоја нова рожба, топол збор за секое детенце уште од најрана возраст згрижено и опсипано со љубов и внимание, бистар ум и мајчинска љубов- преточени низ работата на најблагородните професии, учителски, професорски, што гордо и достоинствено го обележале нивниот професионален животен пат и нам ни ги пренеле сите знаења и вредности што ги поседуваат, рече Митовски.
 
Во текот на вчерашниот ден, Митовски присуствуваше и на средбата што ја организираше Здружението на пензионери од Општина Крива Паланка и Ранковце. ид/бак/
 

Остани поврзан