Градоначалникот Сотир Лукровски во обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар
- Како што соопштија од Општина Карпош, тој ги посетил адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговарало за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Градоначалникот Сотир Лукровски денеска извршил обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде остварил средби со лицата кои управуваат со спортските содржини.
Како што соопштија од Општина Карпош, тој ги посетил адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговарало за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.

Оттаму додаваат дека фокусот бил ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено.
-Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите, додаваат од Општината. нд/аа/
Фото: Општина Карпош