• среда, 06 декември 2023

Голема изложба на кукли во Калифорнија

Голема изложба на кукли во Калифорнија

Лос Анџелес, 25 септември 2023 (МИА) - На изложбата по повод Светскиот ден на куклата во Конкорд, Калифорнија, САД, беа изложени стотици видови кукли, јавува новинската агенција Анадолија.

Меѓу изложените играчки во облик на мажи и жени е и „Барбика“ од 1959 година што неодамна беше продадена на аукцијата „Терио“ (Theriault) за 48.000 долари. Куклата во препознатливиот црно-бел костим за капење првично чинела три долари, а сега е во приватна сопственост на директорот на музејот за кукли „Гровијан“ и продавницата за кукли „Кармел“.

Вниманието на посетителите го привлекоа и уникатните „кукли на стравот“ создадени од Кели Спраг.

Покрај кукли, посетителите можат да и купат и плишани и пластични животни, вклучувајќи ги и цртанките на „Дизни“ како „Мики Маус“ од 1930-тите. Примерок од старите „Дизни“-играчки чини околу 525 американски долари (нешто помалку од 500 евра).  си/сд/

Фото: Агенција Анадолија

Остани поврзан