Герасимовски демантира дека ја цензурирал снимката од седницата на Советот на Општина Центар
- Очигледно е дека станува збор за технички пропуст, прекин на интернет врската што е чест случај при вакви стриминзи, а не за некаква цензура. Несериозно и неприфатливо е од технички проблем да се конструира политичка приказна и да се глуми жртва заради собирање евтини политички поени.
Скопје, 12 септември 2026
Најостро и целосно ги отфрламе наводите на ЗНАМ и советникот од Левица, Куцуловски, за наводна цензура на снимката што во живо беше пренесувана на YouTube-каналот на Општина Центар, стои во соопштението на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, коешто МИА го објавува интегрално:
Нема цензура таму каде што сè е јавно. Темата „Батурана“ не е ниту скриена, ниту нова. За неа јавно се дебатираше на седници на Советот и на јавна презентација, во присуство на граѓани. Ставовите на советниците се повеќепати јавно изнесени и достапни за секого.
Да се зборува за „цензура“ на тема која од почеток до крај се одвива транспарентно е обид за манипулација и свесно пласирање невистини.
Ништо не е сокриено. Ништо не е избришано.
Да се претставува техничкиот прекин на интернет-врската за време на преносот како цензура, е смешна манипулација со јавноста. Зошто би се криело нешто што граѓаните веќе го слушнале и виделе, а ставовите и изјавите на сите советници се јавно достапни?
Очигледно е дека станува збор за технички пропуст, прекин на интернет врската што е чест случај при вакви стриминзи, а не за некаква цензура. Несериозно и неприфатливо е од технички проблем да се конструира политичка приказна и да се глуми жртва заради собирање евтини политички поени.
Одделение за односи со јавност - Општина Центар