Гвардиола ќе го напушти Сити ако тимот биде многуброен
- Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола се закани дека ќе го напушти Манчестер сити доколку тимот за следната сезона биде преголем.

Манчестер, 21 мај 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола се закани дека ќе го напушти Манчестер сити доколку тимот за следната сезона биде преголем.
Вчера Манчестер сити го победи Борнмаут (3:1) во 37. коло од Премиер лигата. Гвардиола изостави тројца играчи од составот: Џејмс Мекати, Савио и Рико Луис.
- Им кажав во клубот дека во иднина не сакам да оставам пет или шест играчи на трибините. Ќе заминам. Намалете го составот и потоа ќе останам. Не можам да ги оставам моите играчи на трибините. Не сакам да имам 24, 25, 26 фудбалери кога сите се здрави. Ако имаме повреди, тоа е лоша среќа. Со прекуброен состав не можеме да ја одржиме емоцијата, душата на тимот, поврзаноста меѓу себе, која малку ја загубивме оваа сезона, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот против Борнмаут.
Во последното премиерлигашко коло на „Граѓаните“ им е доволен само бод против Фулам за да го потврдат учеството во Лигата на шампионите во сезоната 2025/26. зс/
Фото: ЕПА