• вторник, 23 април 2024

Гвардиола: Интер е супериорен во однос на Манчестер сити според историјата, но, тоа не е важно

Гвардиола: Интер е супериорен во однос на Манчестер сити според историјата, но, тоа не е важно

Истанбул, 10 јуни 2023 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за финалето од Лигата на шампионите против Интер.

 

- Не можам да ги контролирам мислењата на луѓето. Треба само да се фокусираме на она што треба да го направиме. Сè завршува со игра. И ќе победи тимот што ќе има подобри 95 минути.

 

Интер е супериорен од нас по историја. Но, тоа не е важно. Важно е да одиграме подобро од противникот. Тоа е она што може да биде одлучувачки фактор, изјави Гвардиола.

 

Финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити - Интер ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот во Истанбул.

 

Интер го „брка“ четвртиот трофеј, Сити ќе игра за прва титула европски шампион. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан