• четврток, 28 март 2024

Втор модул од Академијата за јавни политики на ФЕС и СИГА

Втор модул од Академијата за јавни политики на ФЕС и СИГА

Скопје, 10 јуни 2023

Викендов се одржува вториот модул од Академијата за јавни политики „Од идеја до реализација“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој „SIGA“.

Вториот модул насловен „Што значи да се вмрежам и добијам поддршка за мојата идеја“ го отворија основачот на политичкиот стартап (политичко движење) „Прогресивна Словачка“ Иван Штефунко, претприемач посветен на иновации, инвестирање во технолошки компании и ментроство на млади таленти, проект координаторката во Фондација Фридрих Еберт Нита Старова и директорката на Асоцијацијата на одржлив и инклузивен развој „SIGA“ Мила Царовска.

На Академијата, исто така учество зедоа и претседателката на здружението „Гласен текстилец“ Кристина Ампева, извршната директорка на граѓанското здружение „Конект“ Никица Кусеникова, маркетинг и бизнис стратег Дарјан Раденковиќ којшто е основач на Агенцијата за стратешки комуникации Жар Птица и тим билдинг експертот Владо Караев.
Штефунко, од политичкиот стартап (политичко движење) „Прогресивна Словачка“ истакна дека се залага за севкупна транспарентност во однос на владеењето, функционирањето и финансиите во политиката или бизнисот.

- Транспарентноста е клучна. Во нашиот стартап или движење не примаме парични средства од непознати извори, од луѓе за кои мислиме дека сте стекнале со пари на нелегален начин т.н „црни пари“. Се залагаме за севкупна транспарентност во однос на владеење, функционирање и финансии. Многу е важна идеологијата и програмата, не може да опстои движењето без овие две работи. Никогаш не е важен првиот лидер, тоа е минливо, но не е минлива програмата. Идеологијата е таа којашто треба да ги бира најдобрите луѓе од секој сектор. Верувам дека сите треба да ги правиме работите за кои сме добри и имаме знаење. Многу сум горд што сегашната претседателка на Словачка пред неколку години ја мотивирав да учествува на изборите за избор на претседател, на почетокот повеќето беа скептични, но на крајот таа победи. Првото вложување со собрани средства од индивидуални донации преку „Fundraising“ го имавме со неа како кандидат, таа е навистина стручна и вистински професионалец, рече Штефунко. 

Тој посочи дека верува во соработка помеѓу младите и постарите, секогаш се труди да има синергија помеѓу нив, затоа што ниту младите лица можат без постарите, ниту пак постарите лица можат без младите. 

Штефунко, ги информираше учесниците дека оваа нова основана партија „Прогресивна Словачка“ во 2018 година има актуелен претседател на држава, вицепретседател на Европски Парламент и градоначалник на Братислава. Моментално учествуваат на изборите што треба да се случат наесен во Словачка и на анкетите што се спроведуваат се помеѓу втората и трета партија. 

Оваа академија претставува едукативен и интерактивен концепт за развој, подигнување на свеста околу одредени општествени состојби, како и градење на капацитети за дејствување кај учесниците ставајќи се во ситуација на носители на одлуки или лидери, кои треба одредена идеја да ја преточат во јавна политика.

Целта е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за управување со процесите, донесување на одлуки, запознавање со искуствата од другите земји, како и за иднината на социјалната демократија.

Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој - СИГА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан