• сабота, 20 април 2024

Врховна изборна комисија на Турција: На претседателските избори води Ердоган по преброени 54,6 отсто од гласовите

Врховна изборна комисија на Турција: На претседателските избори води Ердоган по преброени 54,6 отсто од гласовите

Анкара, 28 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција Ахмет Јенер соопшти дека досега се преброени и потврдени 54,6 отсто од гласовите.

На вториот круг од претседателските избори повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу.

Според Изборната комисија, согласно преброените гласачки ливчиња, Ердоган води со 54,47 отсто, наспроти Киличдароглу за кого гласале 45,53 отсто од избирачите. ссм/

Остани поврзан