• понеделник, 13 јули 2026

ВРЕДИ: Ги продлабочуваме стратешките партнерства во интерес на економскиот развој

ВРЕДИ: Ги продлабочуваме стратешките партнерства во интерес на економскиот развој

19 јуни 2026

Економскиот развој на Северна Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.


Во таа насока, по повеќе од 12 години, Северна Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји.


Во Скопје, заменик-министерката за транспорт и врски од редовите на ВЛЕН, Калтрина Зеколи, го пречека својот колега од Турција, заменик-министерот за транспорт и инфраструктура, г. Dumuş Ünüvar, при што средбата беше заокружена со потпишување на новиот протокол за патен транспорт.


Со овој протокол беше договорено зголемување на квотите за дозволи за меѓународен превоз на стоки, како и обезбедување дополнителни дозволи за 2026 година.


Овие одлуки носат директно олеснување за транспортерите и придонесуваат за зголемен проток на стоки и интензивирање на трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција.


За ВЛЕН, како дел од Владата, стратешките партнерства не се само дипломатија, туку конкретен инструмент за економски развој, повеќе можности за бизнисите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа