• петок, 20 септември 2024

Во Тетово над 50 филмови во рамки на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДА

Во Тетово над 50 филмови во рамки на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДА

Тетово, 20 септември 2024 (МИА) - Наредната седмица од понеделник до недела во Тетово ќе се одржи 13-тото издание на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Оваа година фестивалските филмови ќе бидат прикажани во просториите во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ и влезот ќе биде слободен и бесплатен.

-Меѓународниот филмски фестивал „ТИФФ ОДА 2024“ започнува од 23 септември и ќе трае до 29 септември 2023 година во Тетово. Ова година ТИФФ ОДА ќе прикаже над 50 филмови, од кои 37 од нив ќе се натпреварува за главните награди во пет категории; CINE BALKAN PANORAMA, SHORT FICTION, SHORT DOCUMENATRY, SHORT ANIMATION и STUDENT FILM, информираше Сабедин Селмани.

Натпреварувачки карактер ќе имаат филмовите што се од балканска продукција како и краткометражните филмови. Европските и филмовите од САД ќе бидат прикажани во ревијален карактер.

-На 24 септември ќе се емитува филмот „Живи и здрави“ копродуцкија на Црна Гора и Северна Македонија. Да напоменеме дека во овој филм игра еден од нашите најдобите актери Никола Ристановски за кој се надеваме дека ќе стигне и ќе биде присутен на денот на проекција, информираше Агим Абдула, уметнички раководител.

За прв пат ТИФФ ОДА се организира заедно со Џез фестивалот Тетово.

-По седми пат се одржува фестивалот, ќе имаме три концертни вечери на кои ќе настапат едни од најдобрите бендови на џез музика во Македонија и Албанија, првата вечер на 23 септември во 21.30 часот со Ајс квартет од Албанија. Втората вечер е следниот ден и ќе настапат Дуото Добрила и Доријан кои ќе изведар традиционална македонска музика со електро ефекти. Третата вечер  на 25 септември среда, Сашо Поповски Трио, кои ќе направат промоција на нивниот нов албум Степс, изјави Лејла Халими Лумани од Џез фестивалот Тетово.

Концертите ќе се одржат во просториите на Европска куќа.ас/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан