• петок, 19 април 2024

Во Тетово за 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

Во Тетово за 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

Тетово, 22 март 2023 (МИА) – Од 1 јануари до 21 март 2023 година СВР Тетово има изречени 1192 мерки за непрописни паркирање во градот, а поради што со специјалното возило на „пајак службата“ се подигнати 946 возила, бележи одделот за аналитика при тетовската полиција.

На сите возачи-прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и зависно од тоа каде ги паркирале возилата, тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.

- Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со засилени контроли околу паркирањето, посебно во централните подрачја на Тетово, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Возачите прекршоците претежно ги правеле паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на тротоари и на други недозволени места. ас/ир

фото МИА архива

Остани поврзан