• понеделник, 13 јули 2026

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 10 јуни 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (10 јуни) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година.

-Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, се наведува во соопштението.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. дма/вј/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Можно е и ова да ти се допаѓа