• четврток, 25 април 2024

Во Софија е формирано Балканското здружение на синдикати на вработените во јавната безбедност

Во Софија е формирано Балканското здружение на синдикати на вработените во јавната безбедност

Софија, 9 мај 2023 (МИА) – Имаме долга низа заеднички проблеми, некои од нив веќе ги надминавме – на пример, промената на исплатата на ноќната работа, изјави претседателот на Конфедерацијата на трудот (КТ) „Поддршка“ Димитар Манолов при формирањето на КТ.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Здружението ќе се занимава со решавање на различни проблеми – заеднички за балканските земји, изјави претседателот на Управниот одбор на Сојузот на синдикатите на вработените во МВР, Валентин Попов.

Според него, потребата од формирање на здружението го одредува делокругот на неговата дејност – соработка во заштитата на социјалните, професионалните и економските права и интереси.

Здружението ќе им предложи договори за соработка на министрите за внатрешни работи на земјите застапени во него.

На првиот состанок беше усвоен Статутот на здружението. Прв ротирачки претседавач за една година ќе биде Маријан Кицев – шеф на полицискиот синдикат во Северна Македонија, потоа една година претседавач ќе биде Валентин Попов (претседател на СФСМВР), а последен во тригодишниот мандат ќе биде Василе Зелка – претседател на најголемиот романски полициски синдикат.

Во формирањето на асоцијацијата учествуваат Бугарија, Албанија, Косово, Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Фото: БТА

Тагови

Остани поврзан