• среда, 17 април 2024

Во Скопје 214 санкционирани возачи

Во Скопје 214 санкционирани возачи

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.  Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, две санкции за користење мобилен телефон за време на возење..., се појаснува во соопштението.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/дма/

ФОТО: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан