• вторник, 26 март 2024

Во Скопје ќе биде поставена канта за отпадоци што зборува и опоменува 

Во Скопје ќе биде поставена канта за отпадоци што зборува и опоменува 

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата  е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Од  Центарот за современи уметности соопштуваат дека во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Од Центарот се надеваат дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град.фф/лв/

Фото: Центар за современи уметности

 

Остани поврзан