• сабота, 10 октомври 2026

Во Скопје се одржа Парада на гордоста

Во Скопје се одржа Парада на гордоста

Скопје, 20 јуни 2026 (МИА) - Парада на гордоста попладнево се одржа во Скопје. Собирот кој се одржува по осми пат, започна во 19:00 часот од кај Фонтаната во Градскиот парк, а заврши во Жена парк.

„Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност.

-И оваа година останува форматот на протестна поворка која почнува тука од пред фонтаната Лотус и преминува низ неколку улици во градот. Оваа година слоганот на Парадата на гордоста е „Сите нека знаат“ кој укажува на потребата на ЛГБТ - заедница да биде видлива, изјави меѓу другото Ангел Димитриевски. вг/

Фото: принтскрин 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа