• вторник, 15 јули 2025

Во Прилеп отворена изложбата „Живи артефакти“ на Филип Јовески

Во Прилеп отворена изложбата „Живи артефакти“ на Филип Јовески

Прилеп, 5 јули 2025 (МИА) -  „Живи артефакти“ е самостојната изложба на мултимедијалниот уметник и скулптор Филип Јовески што синоќа беше отворена во ликовната галерија на прилепскиот Центар за култура Марко Цепенков" . 

Ликовниот јазик во творечкиот опус на Јовески насловен „Живи артефакти" се одликува со јасни геометриски и колоритни традиционални орнаменти.

-Во своето ликовно творештво Јовески го вградува културниот генетски код на македонскиот народен идентитет, издвојувајќи разновидни симболи кои се вткаени во народното македонско творештво. Интеграцијата на овие „генетски" кодови истовремено претставува и продолжеток и иновација на традиционалната култура и на фолклорот, рече историчарот на уметност Викторија Димеска на отворањето на изложбата.

Со оваа изложба Филип Јовески претходно се претстави во КИЦ во Белград, Србија.ем/лв/

фото извор ЦК „Марко Цепенков“

Остани поврзан