• петок, 29 март 2024

Во потонатиот чамец во петокот кај грчкиот остров Миконос загинаа девет лица

Во потонатиот чамец во петокот кај грчкиот остров Миконос загинаа девет лица

Атина, 30 мај 2023 (МИА) – Девет загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со мигранти што во петокот се случи североисточно од грчкиот остров Миконос, откако денеска биле откриени безживотните тела на уште пет лица, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, со помош на нуркачи била извршена подводна потрага во потонатиот глисер што се наоѓа на длабочина од приближно 30 метри и биле извлечени телата на четири жени и еден маж. 

Во спасувачката акција во петокот беа пронајдени двајца мажи во добра здравствена состојба, но и телата на тројца мигранти. ср/ссм/

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан