• петок, 29 март 2024

Во ОУ „Елпида Караманди“-Битола ќе биде отворен дневен престој за ученици

Во ОУ „Елпида Караманди“-Битола ќе биде отворен дневен престој за ученици

Битола, 7 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски го посети основното училиште „Елпида Караманди“ и на средба со директорката Татјана Дамчевска, беше информиран за моменталните состојби, потреби и планови на училиштето.

На барање на родителите, чии деца посетуваат одделенска настава во училиштето, Коњановски ја задолжи директорката Дамчевска да ги спроведе потребните законски процедури, во училиштето соодветно да биде адаптиран просторот во кој учениците до трето одделение ќе можат да престојуваат во т.н. дневен престој, и да ги извршуваат своите задачи, пред или после завршувањето на наставата.

-Општина Битола, согледувајќи ја потребата, застанува со потребната поддршка зад иницијативата на родителите, со цел од септември, овој долгогодишен проблем, повторно да не им создава грижа и неизвесност. Локалната самоуправа очекува училиштето да ги заврши сите потребни постапки, за да може идната учебна година, учениците да посетуваат дневен престој во училиштето, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/цр

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан