• среда, 29 ноември 2023

Во Норвешка е уапсен поранешниот командант на паравоената група „Вагнер“

Во Норвешка е уапсен поранешниот командант на паравоената група „Вагнер“

Осло, 23 септември 2023 (МИА) - Норвешката полиција го уапси поранешниот командант на руската паравоена група „Вагнер“, Андреј Медведев, бидејќи наводно се обидел илегално да ја премине границата и да се врати во Русија, откако претходно оваа година побарал азил во Норвешка, соопштија денеска неговите адвокати.

Полицијата претходно објави дека маж на околу 20 години е уапсен поради обид илегално да ја премине границата, но не наведе за кого станува збор.

Преминувањето на границата со Русија е дозволено само на одредени места. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан