• недела, 06 септември 2026

Во Нигерија загинаа 10 полицајци

Во Нигерија загинаа 10 полицајци

Абуџа, 11 август 2026 (МИА) – На северот на Нигерија во судирите меѓу бунтовниците и силите за безбедност загинаа 10 полицајци, соопштија денеска нигериските власти.

Во судирот кој се случил вчера во државата Кеби, загинаа и двајца цивили и 17 бунтовници, соопшти полицијата.

Бунтовниците биле тешко вооружени и се движеле на мотоцикли кога биле пресретнати од безбедносните сили, наведува полицијата.

- За жал, во тој судир изгубивме десет храбри полицајци, додека двајца се здобија со повреди и им се укажува лекарска помош – изјави портпаролот на полицијата. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа