• сабота, 20 април 2024

Во Куманово се одржа фестивалот „Распеано детство“

Во Куманово се одржа фестивалот „Распеано детство“

Куманово, 3 јуни 2023 (МИА) - Фестивалот на детска песна „Распеано детство“ се одржа во Младинскиот културен центар во Куманово, во организација на здружението „Етно ризница“.

- Пред преполната сала настапија 18 дечиња. Фестивалот традиционално имаше меѓународен карактер, оваа година настапија дечиња од Србија – Бујановац и Крушевац и од Ќустендил – Бугарија. Се пееше на македонски, српски, албански и бугарски јазик, изјави, директорот на фестивалот Драган Митевски.

Фестивалот се одржа по повод Меѓународниот ден на детето кој се слави на почетокот на јуни.

Првпат фестивалот се одржал во средината на седумдесетите години од минатиот век. ам/бак/

Фото: „Етно ризница“

Остани поврзан