Во Куманово одржана консултативна средба за Националниот акциски план за Европска гаранција за деца
- Во Куманово се одржа консултативна средба со фокус-група во рамки на подготовката на Националниот акциски план за Европска гаранција за деца, со цел во креирањето на мерките да бидат вклучени искуствата, мислењата и препораките на стручни лица кои работат во областа на детската благосостојба.
Куманово, 10 јуни 2026 (МИА) - Во Куманово се одржа консултативна средба со фокус-група во рамки на подготовката на Националниот акциски план за Европска гаранција за деца, со цел во креирањето на мерките да бидат вклучени искуствата, мислењата и препораките на стручни лица кои работат во областа на детската благосостојба.
Средбата беше организирана од Македонско здружение на млади правници во соработка со УНИЦЕФ и Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

Целта на средбата беше да се обезбедат мислења, искуства и препораки од стручни лица кои директно работат со деца и семејства, со цел тие да бидат вградени во процесот на креирање на идните политики и мерки. На средбата, како што наведуваат од општината, се разговарало за предизвиците и можностите за подобрување на пристапот до услуги во областите на социјалната и детската заштита, образованието, здравството, исхраната и домувањето, особено за ранливите категории деца.

-Посебен фокус беше ставен на децата изложени на ризик од сиромаштија, децата Роми, децата со попреченост, децата без родителска грижа, децата во судир со законот, како и децата кои живеат во сложени семејни услови и рурални средини- информираат од Општина Куманово.
Крајната цел е Националниот акциски план за Европска гаранција за деца да биде заснован врз реалните потреби и постојните капацитети во државата, со цел подобрување на условите и можностите за развој на секое дете. ам/дма/
Фото: Општина Куманово