• недела, 15 ноември 2026

Во кругот на велешката Пожарна денеска беше презентирана нова технологија за поефикасно и побезбедно гаснење пожари во Велес и велешкиот поширок регион

Во кругот на велешката Пожарна денеска беше презентирана  нова технологија за поефикасно и побезбедно гаснење пожари во Велес и велешкиот поширок регион

Велес, 16 октомври 2026 (МИА) - Велешките пожарникари денеска ја презентираа ефикасноста на Flamblocker CF7, современо еколошко средство за гаснење пожари, набавено за потребите на Територијалната противпожарна единица – Велес, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.

Оваа  иновативна технологија овозможува побрзо ладење и контролирање на пожарите, значително помала потрошувачка на вода и намален ризик од повторно палење. 

-Продолжуваме со модернизација на противпожарната заштита, за побезбедни пожарникари и поголема сигурност на граѓаните - потенцира Колев.

Средството има широка примена при пожари на објекти, возила и во природа, вклучително и при пожари на електрични возила и литиум-јонски батерии. ад/ац/

Фото: Општина Велес