• среда, 17 април 2024

Во Крива Паланка засадени 80 јапонски цреши во знак на денот на пролетта

Во Крива Паланка засадени 80 јапонски цреши во знак на денот на пролетта
Крива Паланка, 21 март 2023 (МИА) - Во знак на пролетно разубавување на градот и симболично означување на доаѓањето на пролетта, денеска во Крива Паланка градоначалникот Сашко Митовски заедно со претставници од Советот на Општината и раководители на јавни институции, како и вработените во Јавното претпријатие Комуналец засадија 80 декоративни дрвца-јапонска цреша во делот на главната улица на потегот од „Осички мост“ до клучката со патот кон познатиот манастирски бисер „Св.Јоаким Осоговски“.
 
-Крива Паланка зелена и уредена, чиста и богата со хортикултурно уредни површини за помалку од три месеци дополнително е разубавена со над 570 декоративни садници. На влезот на градот во дрвореди долж главната улица засадени се 90 корени јавор платан,  400 јавори се засадени во кејот на Крива Река, на левиот и десен брег по течението, во мајор-коритото и 80 јапонски цреши што денес беа засадени низ дрворедите на новоуредените тротоарски површини на овој потег на главната улица.Токму така ја личи нашата убава Крива Паланка, која според комуналните инспекциски служби од државата, неодамна доби епитет - најчиста општина во државата, изјави Митовски.
 
Пролетта означува будење на природата, а како што порача Митовски, за нив значи продолжување во намерата да се грижат за околината, за подигнување нови зелени површини и сочувување на убавината на секој дел од градот.ид/бт/

Остани поврзан