• четврток, 18 април 2024

Во Крива Паланка втора сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во Крива Паланка втора сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети“

Крива Паланка, 10 март 2023 (МИА) - Во општина Крива Паланка денеска се одржа втората форумска сесија од проектниот форум што се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за локална самоуправа.

- Во рамки на оваа форумска сесија беа претставени вкупно девет предлог-концепти од работните групи формирани на првата сесија и тоа: реконструкција - изградба на автентична традиционална паланечка куќа во функција на зголемување на туристичката понуда, формирање туристички информативен центар со виртуелна мапа и е-промоција на туристичкиот потенцијал, поставување хибридни фотоволтаични системи за обезбедување на енергија за спортска сала - партерно уредување на локалитет за „Невестинско поклонение“ кај црква „Свети Теодор Тирон“, село Конопница, уредување на туристички локалитет село Градец - црква, конак, школо, испосница и археолошки локалитет, набавка на музичко - сценска опрема за организирање на културни настани и урбана опрема на амфитеатар, уредување приватни куќи во етно стил за сместување на туристи, збогатување на туристичката понуда преку изградба на ПУМП патека за велосипеди и унапредување на туристичката понуда преку изградба на пешачка патека лев брег на Крива Река, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

На втората форумска сесија беше направено и дооформување на работните групи за развивање на предлог-проекти, а пред присутните беше презентиран и формат за предлог-проект. ид/бд/

ФОТО: Општина Крива Паланка

Остани поврзан