Во Кремљ средба Путин - Кадиров
- Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се сретна со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Москва, 28 септември 2023 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се сретна со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Путин високо го оцени личниот придонес на Кадиров и неговиот тим за динамичниот развој на регионот.
Путин, исто така, ги поздрави борците од кавкаската република кои се борат во рамките на „специјалната воена операција“ во Украина предводена од Москва.
- Пренесете им најдобри желби на момчињата, најдобри желби за нивните семејства. Знам дека вие лично се занимавате со овие прашања цело време, вклучително и поддршка на семејствата на нашите момчиња кои се борат на првите линии, борејќи се самоуверено, добро, храбро, херојски, посочи Путин. ми/
фото: ЕПА