Во Кочани повторно неделна акција за почист и уреден град
- Општина Кочани и КЈП „Водовод“ и овој викенд продолжија со активностите за расчистување и уредување на повеќе локации низ градот. Овој пат се работеше во населбата Сиви Дом, каде се отстранети поголеми количества кабаст отпад – кофи, душеци, пружини и други предмети несоодветно оставени на јавна површина.
Кочани, 6 септември 2026 (МИА) - Општина Кочани и КЈП „Водовод“ и овој викенд продолжија со активностите за расчистување и уредување на повеќе локации низ градот. Овој пат се работеше во населбата Сиви Дом, каде се отстранети поголеми количества кабаст отпад – кофи, душеци, пружини и други предмети несоодветно оставени на јавна површина.

Екипите од вработени во Општината и Комуналното претпријатие работеа и на повеќе други локации - кај Комплексот АСНОМ, Градскиот пазар и во близина на СОУ „Гошо Викентиев“, каде што е реализирано чистење и расчистување на јавните површини.

Општина Кочани апелира до граѓаните отпадот да го одлагаат совесно и на места предвидени за таа намена.

-Да ги чуваме јавните површини чисти и уредни – за Кочани какво што сите сакаме да го гледаме, се наведува во апелот. ис/вј/
Фото: Општина Кочани