• вторник, 23 април 2024

Во Европската куќа Крива Паланка проекција на филмот „Посеана надеж“

Во Европската куќа Крива Паланка проекција на филмот „Посеана надеж“
Крива Паланка, 27 март 2023 (МИА) - Во салата во Eвропската куќа Крива Паланка, млади луѓе од градот ја проследија проекцијата на филмот „Посеана надеж“. 
 
Филмот ја претставува важноста на социјалното претприемништво кое ги поттикнува младите да размислуваат надвор од рамките на комфорноста.
 
-Младите луѓе можат на повеќе начини да се вклучат во социјалното претприемништво. Денеска се инспирираа од иновативните приказни на социјалните претпријатија прикажани во филмот. Утре можат и самите да отворат едно или пак да поддржите некое чија мисија ќе ја најдат сродна на она во што веруваат. Младите се оние кои во иднина ќе ги купуваат производите и услугите на социјалните претпријатија, препознавајќи ја нивната додадена вредност - постигнување на подобро општество преку вклучување на ранливите групи во него, рече тим лидерката на проектот, Барбара Садовска.
 
Европската куќа Крива Паланка неодамна беше домаќин и на уште еден настан од областа на социјалното претприемништво, во организација на АРНО, на кој покрај реални искажувања од страна на основачи на социјални претпријатија од регионот, од Северна Македонија и Србија, симболично беа доделени и подароци за присутните, производи од социјални претпријатија, кои истовремено се еколошки и инвентивни. ид/мч/
 
фото: МИА

Остани поврзан