• понеделник, 23 септември 2024

Во денешните израелски напади врз Либан убиени најмалку 50 лица, настрадани жени, деца и медицински персонал

Во денешните израелски напади врз Либан убиени најмалку 50 лица, настрадани жени, деца и медицински персонал

 Бејрут, 23 септември 2024 (МИА) - Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 50 луѓе загинале, а повеќе од 300 се ранети, меѓу кои деца, жени и медицински работници, во денешните израелски напади врз јужен Либан. 

„Според првите податоци, 50 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во израелските напади врз локалитети и села на југ. Меѓу нив има деца, жени и работници на итната помош“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелската војска денеска започна нови напади врз позициите на Хезболах во Либан, откако откри дека проиранската група се подготвува да го нападне Израел, изјави портпаролот на израелската војска.

Тој ги повика жителите на Либан да се држат настрана од тие места.

Жителите на јужен Либан, исто така, добиле предупредувачки повици од либански број веднаш да се оддалечат 1.000 метри од позициите што ги користи либанската вооружена група Хезболах. паг/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан