• четврток, 25 април 2024

Во Велес поставени  вибрациони ленти за безбедност во сообраќајот

Во Велес поставени  вибрациони ленти за безбедност во сообраќајот

Велес, 26 мај 2023 (МИА) - За прв пат во Велес се поставуваат вибрациони ленти за забавување на сообраќајот на улица „Вардарска" во населба Шорка, што води кон еден од излезите на градот и е една од најфрекфентните, бидејќи освен лесни по неа  поминуваат и тешки товарни возила.

Како што информира градоначалникот Марко Колев, во наредните денови ќе започне и одбележување на хоризонталната патна сигнализација со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници.

Тој потенцира дека безбедноста на сите учесници во сообраќајот посебно на пешаците во населбите каде има фрекфентен сообраќај е приритет на Општина Велес. ад/

 

Фото:МИА

 

 

Остани поврзан