• петок, 19 април 2024

Во Бугарија загина мигрант по полициска потера на автопат, други 16 се повредени

Во Бугарија загина мигрант по полициска потера на автопат, други 16 се повредени

Софија, 20 март 2023 (МИА) - Возило со мигранти од Авганистан се превртело на автопат во близина на Софија при што загинал еден од мигрантите. Инцидентот се случил околу полноќ по локално време, јавија бугарските медиуми.

Полицијата по добиен сигнал се упатила во потера по возилото со странски регистерски таблички во кое биле мигрантите за да го запре. Во обид да избегне проверка на полицијата возачот на возилото во кое биле мигрантите изгубил контрола и удрил во бетонска ограда.

Според бугарски медиуми, возачот е српски државјанин и е приведен. Шеснаесет мигранти се здобиле со повреди и се пренесени во локални болници.    зш/

Остани поврзан