• вторник, 15 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е сол на раните на кочанчани и бескруполозно ги злоупотребува нивните судбини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е сол на раните на кочанчани и бескруполозно ги злоупотребува нивните судбини

Скопје, 19 јуни 2025 

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни вести за Кочани. Полни со некрофилија и негативности, како и дезинформации кои директно им помагаат на оние кои не сакаат правда. Иако тие ни збор не кажуваат за модуларната болница, а како ѓавол од темјан бегаат за одговорност на Венко Филипче за овој случај. И додека конструираат и лажат нивниот советник и функционер Аки Акиов дели тупаници на кочанчани и се заканува.

ВМРО-ДПМНЕ силно го осудува насилието кое денес го демонстрираше кочанскиот функционер на СДС. Овој советник може да се види во прегратките на Венко Филипче и на заеднички фотографии со него. Бараме СДС и Венко Филипче да се оградат од неговото однесување и истиот да си поднесе оставка од член на Советот на Кочани.  Ова е срамно и дрско однесување. СДС е сол на раните на кочанчани и бескруполозно ги злоупотребува нивните судбини.

 

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан