• петок, 29 март 2024

Владејачката партија во Казахстан освои 54 отсто од гласовите на предвремените избори

Владејачката партија во Казахстан освои 54 отсто од гласовите на предвремените избори

Астана, 20 март 2023 (МИА) – Казахстанската владејачка партија Аманат освои речиси 54 отсто од гласовите на вчерашните предвремени парламентарни избори во неделата, покажаа официјалните податоци објавени денеска.

По овој исход, претседателот Касим Жомарт Токаев има јасна ситуација да ја реформира нацијата богата со нафта во согласност со неговите цели, коментираат светските агенции.

Ниту една опозициска партија не учествуваше на изборите, но западните критики беа помалку изразени од вообичаено, во време кога Европа и САД се обидуваат да ги зајакнат врските со соседите на Русија, кои се вознемирени од однесувањето на Москва.

Набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) рекоа дека реформите направени пред гласањето „го зголемија изборот на гласачите“, но дека и покрај формалното олеснување на условите за регистрација на партии, како што е бројот на потписи што треба да ги достават од секој регион, ниту еден опозициската партија не успеа да се регистрира навреме.

Најмалку една опозициска група ја обвини владата дека намерно и ја одбила регистрацијата. јт/

Остани поврзан