Владејачката коалиција во БиХ без договор за исполнување на условите за Планот за раст
- Владејачката коалиција во Босна и Херцеговина денеска не постигна договор за исполнување на обврските за Европска Унија да го одобри Планот за раст на БиХ, изјави лидерот на Хрватската демократска заедница на БиХ, Драган Човиќ
Сараево, 2 декември 2024 (МИА) – Владејачката коалиција во Босна и Херцеговина денеска не постигна договор за исполнување на обврските за Европска Унија да го одобри Планот за раст на БиХ, изјави лидерот на Хрватската демократска заедница на БиХ, Драган Човиќ.
- Поврзано со Планот за раст има уште отворени прашања и договорено е претседавачката со Советот на министри на БиХ (Борјана Кришто) да свика работен тим и прецизно да заклучи што уште остана да договориме, изјави Човиќ по состанокот со претставниците на ХДЗ БиХ, Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) и пробосанска коалиција Тројка.
Тој посочи дека денеска е усогласена одлуката за именување на главен преговарач на БиХ со ЕУ и двајца негови заменици, како и Програмата за интегрирање.
Човиќ истакна дека на денешната средба не е договорен и координатор на ИПА, а најави оти ќе продолжат преговорите за усвојување на државниот буџет. ми/
фото: МИА архива