Верстапен: Ред Бул покажа дека никогаш не се откажува, беше одлична сезона, навистина уживав
- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е задоволен од сезоната 2025 во Формула 1 и покрај тоа што не ја одбрани титулата.
Лондон, 8 декември 2025 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е задоволен од сезоната 2025 во Формула 1 и покрај тоа што не ја одбрани титулата.
- Имавме сезона на ролеркостер, особено на почетокот. Но, мислам дека поминавме долг пат и успеавме да ги свртиме работите, особено имајќи предвид дека тимот имаше неколку тешки периоди оваа сезона. Тимот навистина покажа дека никогаш не се откажува. Беше лесно да се помириме кога заостануваме повеќе од 100 бода. Но, никогаш не престанавме да се обидуваме да ги откриеме проблемите на болидот. До крај се обидовме да ги стигнеме Мекларен. Иако, се разбира, на крајот, не е важно колку поени заостануваш - еден, 10 или 20 бода. Разликата беше два бода, не ја одбранив титулата, но беше одлично. Навистина уживав, изјави Верстапен за британските медиуми.
По 24 трки од сезоната 2025, возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше крунисан за шампион со 423 бода. Верстапен заврши втор со 421 во пласманот на возачи. Оскар Пјастри заврши трет со 410 бодови. поени. зс/
Фото: ЕПА